Лазаров кон навивачте: Останавме должни, заслужуваме секаква критика

Од:

Капитенот на ракометната репрезентација на С.Македонија, Кире Лазаров по елиминацијата на селекцијата од Европското првенство изјави дека никој не посакувал слично сценарио и дека е многу разочаран, но допрва ќе се прават анализи.

– Одигравме под нивото. Направивме многу грешки и промашивме многу шутеви. Австријците нè изненадија со одбраната 5-1, со полуфластер на мене. Стојам зад тоа дека можеме да играме со овој тим на Австрија, многу пати сме ги победувале, изјави Лазаров по поразот од Австрија.

Тој се заблагодари на навивачите и воедно имсе извини за прикажаното на ова натпреварување.

– Останавме должни, заслужуваме секаква критика. Ова е удар за нас и за македонскиот ракомет. Треба да се направи анализа и да се почне од почеток, затоа што не смееме да го загубиме она што е најубаво, затоа што ниту една друга репрезентација не може да си дозволи 5.000-6.000 навивачи на првенство во друга земја. Kако капитен, сакам да им се извинам на сите кои беа тука и кои не гледаа од Македонија, вели Лазаров, кој го заврши Европското првенство со вкупно 22 гола.

Би можело да ве интересира

Лазаров: Сега знам кого треба во иднина да повикувам во репрезентацијата

Кирил Лазаров: Македонија и Бугарија имаат сериозен проблем, а тоа е корупцијата и само таа не смее да не обединува

Горан Наумовски

Лазаров: Најостро ги осудувам сите форми на насилство, рекет и криминални активности

А1он

Пласман на Светско првенство за историско збогум на легендарниот капитен

Катерина Ѓуровски

Кирил Лазаров е повреден и нема да игра на цело ЕП

А1он

Кирил Лазаров ја промовираше автобиографијата „Секогаш на победа“

Ана Ололовска