Конкурс за уметнички директор на фестивалот „Макфест“

Од:

Општина Штип како организатор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“ објави конкурс за избор на уметнички директор.

Кирил Панајотов, координатор за фестивалот и советник за јавна дејност во Општина Штип, вели дека ова е редовна постапка и секоја година објавуваат конкурс за избор на уметнички директор.

Според него, многу е важно кандидатите да достават и Програма со визија за фестивалот, не само за оваа, туку и за наредната година.

Покрај општите услови утврдени со закон, кандидатот треба да исполнува и  посебни услови –  да има соодветно високо образование – факултет/академија за музичка уметност- (ВИИ/1, да има над пет години работно искуство во дејноста за која конкурира и да има менаџерски способности, изјави Панајотов.

Конкурсот трае десет дена, сметано од денот на објавувањето. Информации за условите и за потребните документи за конкурсот се објавени на веб-страницата на Мултимедијален центар „Киро Глигоров“-Штип, а утре конкурсот ќе биде објавен и во дневниот печат.

Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Општина Штип, преку пошта на адреса: ул. „Васил Главинов” бр. 4 В – 2000 Штип или директно во Архивата на Општина Штип (со назнака: „За Макфест“) најдоцна до 15.30 часот од последниот ден од конкурсот.

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ и годинава ќе се одржи на почетокот на октомври. Општина Штип има обезбедено средства за реализација на фестивалот, а дополнително се чека и на одговор за финансиската поддршка од Министерството за култура. 

Би можело да ве интересира

Со кревањето на фестивалското знаме, започна „Макфест“

Завршен изборот на композиции на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Триесет и шесто издание на „Макфест“

Песната „Сакам да живеам“ од Нокаут победничка на 35-то издание на „Макфест“

Ана Ололовска

Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест“

Ана Ололовска

Штип: „Макфест“ може да се одржи на отворено, „Пастрмајлијадата“ откажана

Жарко Настоски