30-тината затекнати на избирачките места во гимазијата Кочо Рацин во Свети Николе со полициски кордон се извадени од зградата на училиштето. Истите некаде околу 20 часот биле забележани како влегуваат во училиштето во просториите на избирачките места наводоно со себе носејки фалсификат изборни материјали.
Откако симпатизери на спротивната партија го блокираа училиштето, внатре присутните прво се правдале дека не се тука за да го попречат изборниот процес, туку дека држеле родителски состанок. Откако било увидено дека на ниту еден од присутните децата не им учат во гимназијата, тие доцна по полноќ излегле со изговор дека биле во згрдата за да утврдат план како утре да ги испратат гостите од Чичевац, кои наводно биле во градот поради градската слава Тодорова сабота (Тодорица).
30-тината затекнати во гимназијата меѓу кои и директорка на основно училиште од градот, директори на подрачните единици на претпријатието Водовод, на Агенција за вработување и на Социјални грижи од Свети Николе со полициски кордон биле извадени од зградата на училиштето и однесени во просториите на општинската изборна комисија каде бил повикан и кандидатот за градоначалник од спротивната партија да се увери дека нема нерегуларности во гласачкиот изборен материјал.
Толпата која повеќе од три часа го имаше блокирано училиштето и бараше да се разреши ситуацијата, сега е префрлена во прес просториите на општинската изборна комисија и чека информации и од припадниците на политичките партии и од полицијата.
А1он