ВМРО-ДПМНЕ: Нивите со марихуана на Вице, на Заев му се поважни и од датум и од реформи и од изградба на патишта

Од:

„Приоритет за Зоран Заев се личните бизнис интереси, а не добросостојбата на граѓаните. Затоа Заев не се занимава со енормното загадување, доцнењето и стотици милиони евра поскапата изградба на клиничките центри во Скопје и Штип, туку се фокусира на предизборно, шверцерско протнување на законот за контрола на опојни дроги.

Нивите со марихуана на Вице му се поважни и од датум и од реформи и од изградба на патишта.

Криминалната власт предводена од Зоран Заев овие три години наместо да донесе живот кој што го ветуваа, донесе живот само за лицата блиски до кланот на Заеви“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овие три години Заев, заборави на граѓаните и се посвети на полнење на сопствените џебови.

За да можат да се полнат џебовите на кланот Заеви, пратениците од СДСМ брзаат да го изгласат Законот за опојни дроги во Собрание.

За да можат да се полнат џебовите на кланот Заеви, во погон е ставена и извршната и законодавната власт.

Семејството Заеви е вклучено во две компании кои произведуваат марихуана, а според информациите кои кружат се „МАМ“ од Св. Николе и „Фарма медика канабис“ од Валандово.

Граѓаните го препознаа вистинското лице на власта кое изминатите три години заборави на нивните потреби.

Граѓаните гледаат кој работи за нивниот интерес, а кој работи за интересот на криминално-рекетарската банда на цело со аболицираниот Зоран Заев.

На 12 Април граѓаните ќе стават крај на овие криминални политики на СДСМ и Заев.

На 12 Април граѓаните ќе изберат политики кои ќе бидат насочени кон подобар и поквалитетен живот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски