Започнаа Локалните избори во Штип и во Кочани

Од:

Општинските изборни комисии во Штип и во Кочани денеска ги отворија своите врати за избирачките одбори во кои беа пријавени болни и изнемоштени лица, со што и официјално започнаа шестите редовни локални избори.

Во Штип право на глас имаат вкупно 41.573 граѓани. Од нив 426 граѓани побарале да гласаат во своите домови, поднесувајќи документација со која се потврдува нивниот статус на болни и изнемоштени лица. Избирачките одбори во кои беа регистрирани болни и изнемоштени лица денес го подигнаа избирачкиот материјал и започнаа со изборниот процес.

Покрај болните и изнемоштени лица, во Штип денес гласаа и затворениците што престојуваат во Казнено-поправниот дом во Штип. Од 284 лица, колку што престојуваат во домот, само 134 лица имаат право на глас, на што дел од нив и реагираа.

izbori (2)

Во Кочани, право на глас имаат вкупно 32.589 лица, а 221 од нив беа пријавени како болни и изнемоштени лица и денес го остварија своето право на глас.

37 жители на општина Кочани, кои престојуваат во казнено-поправните домови ширум Македонија, денес имаа можност да го искористат своето право на глас, како и едно лице што се наоѓа во домашен притвор.

За сега, изборите се одвиваат нормално и без поголеми нерегуларности и пропусти.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ