Иранскиот амбасадор повикан во Форин офис

Од:

Иранскиот амбасадор во Лондон Хамид Баеидинеџад е повикан во Форин офисот за да му се пренесе острото противење на Велика Британија поради кусото задржување во притвор на британскиот амбасадор во Техеран.

– Во прашање е неприфатливо прекршување на Виенаската конвенција и тоа мора да биде истражено, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон. Тој дополни дека Лондон ќе побара од иранската Влада во целост да се обврзе дека такво нешто нема да се повтори.

Британскиот амбасадор Роб Мекер беше приведен во саботата пред Универзитетот Амир Кабир, по што мина неколку часа во притвор поради „поттикнување антивладини протести“.

Околу 1000 лица протестираа во саботата во центарот на Техеран барајќи оставка од иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи. Мекер изјави дека не учествувал во протестите.

Би можело да ве интересира

Исламските земји одржаа итна седница, сите погледи вперени кон Техеран

„Њујорк Тајмс“: Шефот на Хамас бил убиен со бомба сокриена во гостинската куќа во Техеран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Млад пар во Иран објави видео како танцуваат на улица, судот ги осуди на 21 година затвор

А1он

Објавена снимка од надзорната камера: Со „калашников“ пукаше кон амбасадата на Азербејџан во Иран, убиен чувар

А1он

Вооружен со „калашников“ се пробил до обезбедувањето, едно лице убиено: Напад на амбасадата на Азербејџан во Иран

А1он

Техеран: Одлуката за исклучување на Иран од Комисијата на ОН за статусот на жените е политички мотивирана

А1он