Ховит: Македонија треба да добие зелено светло од ЕУ во јуни

Од:

вропскиот совет во јуни треба да и даде зелено светло на Македонија за старт на преговорите. Ова е став на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, кој за Алфа телевизија изјави дека „зелената карта“ за позитивна одлука на Европскиот совет за Македонија требала да се донесе порано.

– Од страна на ЕП сметаме дека зелената карта за земјата да ги почне преговорите требаше да биде дадена две – три години порано. Тоа е мое цврсто уверување. Не дека се уште нема проблеми и големи предизвици за земјата, но јасно е, според мене, дека е достигната стартната позиција кога овој процес требаше да започне и се надевам дека проценката која ќе ја направат владите на земјите од ЕУ во јуни, нема да биде заснована само на утре, денес, вчера, туку на долгорочниот прогрес на земјата, од конфликт до стабилност. И, да, верувам дека таа зелена карта треба да биде покажана во јуни – вели ставот на Ховит.

Тој не сакаше да ја коментира политичката состојба во Македонија од 1 март, кога со помош на Европската унија беше постигнат договорот за надминување на политичката криза, до денес.

– Многу сум многу внимателен за договорот кој го постигнавме во Скопје и не сакам да давам коментари за тоа како секој настан, активност на секоја политичка партија се во согласност со договорот. Не сметам дека тоа би било од помош, ниту за нив, ниту за земјата – вели Ховит.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он