ВМРО-ДПМНЕ: Власта се уште молчи за милиони евра тешкиот „Рекет 3“

Од:

„Зоран Заев и СДСМ се синоним за криминал. Поминаа неколку дена по обелоденување на скандалот, а власта се уште молчи за милиони евра тешкиот „Рекет 3“.

Граѓаните на Штип не видоа ништо од новата клиничка болница. Постои сериозен сомнеж кој што се отвори во медиумите дека незавршувањето на клиничката болница во Штип е поврзано со нова рекетарска афера“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сето тоа е зачинето и со определувањето дополнителни буџетски средства, без казна за изведувачот, иако длабоко доцни со реализацијата. Тоа отвора сомнеж за лукративни мотиви.

Главни ликови во оваа афера повторно се Венко Филипче и Зоран Заев и од нив се бара одговор:
• Зошто во Штип се уште нема болница?
• Зошто беше запрена градбата на болницата?
• Зошто е прекинат договорот со подизведувачот?
• Зошто не е активирана банкарската гаранција ?
• Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба?
• Дали и што договарал Венко Филипче со шоумен во неговиот дом, а во врска со градба на болницата во Штип?

Обвинителството треба веднаш да ја истражи аферата и да ја испита улогата на оваа влада во рекетите.

Граѓаните на 12-ти април на Заев ќе му порачат ДОСТА Е! Неговата криминално рекетарската банда не смее да продолжи да ги полни џебовите со народни пари преку криминални тендери и грантови.

Крајот на времето на Зоран Заев доаѓа. Доаѓа време на власт од народот и за народот. Доаѓа време за обнова на Република Македонија. Ова зло никогаш да не се повтори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски