Мал интерес кај раселените за гласање

Од:

Од вкупно 38 внатрешно раселени лица од Липковско денеска до 14 часот гласале само три лица.

Избирачкото место 1067 во кумановскиот ученички дом „Професор Мијалковиќ“ каде што треба да гласат раселените е отворено навреме, но мал е интересот за гласање на избирачите.

Утрото само еден раселен од Матејче сакал да гласа, но го немало во избирачкиот список. Надлежните од избирачкиот одбор го препратија да се распраша во Општинската изборна комисија дали станува збор за некаква грешка или пак евентуално го изгубил статусот на раселено лице.

Се гласа за тројца кандидати за градоначалници и за три советнички листи.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ