А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Арсовски: Непотизмот е појава во СДСМ која што уште повеќе се шири пред изборите

by А1он12/01/2020 - 14:02142
Share0

„Непотизмот е појава во СДСМ која што уште повеќе се шири како се наближуваат изборите. Свесни дека ќе ги загубат изборите, функционерите на СДСМ дали на централно, дали на локално ниво си ги згрижуваат роднините во државната и јавната администрација.

Следете a1on на Instagram Instagram

Денеска трет ден по ред, ќе објавиме нови случаеви во моментално најголемото дувло на непотизам, Штип.

Денес ќе претставиме 3 нови случаеви на непотизам каде што главни носачи на епидемијата се директори на училиштата во Штип.

Очигледно е во Штип има единствено простор за вработувања и унапредувања највеќе за директорите на училиштата односно за нивните роднини“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Прв случај, директорот на средното училиште „Димитар Мирасчиев“, Дејан Доневски си ја вработил сестра му во Дневниот центар за деца со посебни потреби. Она што веќе и е познато на јавноста во Штип и на големо се зборува, а ќе се обелодени за неколку денови е тоа што истиот тој директор на средното училиште Дејан Доневски за неколку дена од сега ќе биде унапреден во просветен инспектор за цела Источна Македонија. Очигледно наменски ќе го добие она унапредување за да може да уценува просветни работници пред изборите.

Втор случај, директорот на средното училиште „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов ја вработил својата сопруга во основно училиште „Тошо Арсов“. Во истото училиште „Тошо Арсов“ беше вработена и сопругата на директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров.

Трет случај, директорот на основното училиште „Ванчо Прке“, господинот Методи Папаров си ја вработил својата сопруга во ЈП Исар.

Четврт случај, директорот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип, Трајче Димов си ја вработил ќерката во средното музичко училиште, а синот си го поставил за командир на Противпожарната единица во Штип. А, сопругата на синот, односно неговата снаа ја вработил во Хигиенскиот завод во Штип. Очигледно овој директор му е сериозна конкуренција на претседателот на Совет, Јане Миланов по бројот на вработување. Очигледно и кај него останале уште домашните миленичиња невработени.

Непотизмот во Штип нема крај.

Заев ветуваше јавно дека сите што ја искористиле својата положба и своето влијание за да вработат или унапредат свој близок во државната или јавната администрација ќе се погрижи да се повлечат од своите места.

Додека младите ни се иселуваат, додека луѓе не можат да најдат работа, СДСМ продолжува да вработува цели фамилии на нивните функционери.

Уште еднаш апелираме до антикорупциската комисија, да се разгледаат и овие последни случаеви на непотизам и да се постапи согласно процедурите.

Одговорност за се мора да има и ќе има. И тоа доколку не се случи сега кога е СДСМ на власт, ќе се случи веднаш по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ после изборите на 12-ти април“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:56

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:32

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео