Меѓународниот монтерен фонд и порепорача на Словенија брзо да го преструктуира банкарскиот сектор, јави агенцијата АНА-МПА.
Во соопштението од мисијата на Фондот, кој беше во посета на земјата, се посочува дека Словенија треба да продолжи да вложува напори за финансиско оздравување и да го намали својот долг. ММФ ја поздравува реформата на пензискиот систем како „чекор во позитивна насока“.
Од Фондот очекуваат во текот на оваа година словенечката економија да се намали за два отсто. За следната година прогнозите се за раст, но само во ситуација ако се реализираат структурните реформи.
Мисијата на ММФ престојуваше во Словенија од 12 до 18 март за да ја провери состојбата на економијата, функционирањето на банкарскиот сектор и предизвиците пред кои е исправена земјата, се посочува во соопштението од Централната банка.