Петровиќ верува во компромис меѓу Белград и Приштина

Од:

Потпретседателот на косовската Влада Слободан Петровиќ оцени дека дијалогот меѓу Белград и Приштина не закочил, туку е „многу тежок и многу бара“, но верува дека е можен компромис за дефинирање на односите и надлежностите.

Петровиќ очекува скорешна средба со првиот потпретседател на Владата на Србија Александар Вучиќ.

– Доколку се сретнам со Вучиќ тоа ќе биде поради потреба, а не условување. Нашата средба би имала само една тема – подобар живот на Србите на Косово, рече Петровиќ.

– Според мое мислење овој дијалог нема алтернатива и многу е успешен, посебно ако се спореди со претходниот. Мислам дека обете влади покажаа вистинска желба за нормализација на односите. Важно е да дојдеме до резултат кој може да се примени и кој ќе биде за доброто на граѓаните, изјави тој во интервју за франкфуртски „Вести“.

Најлесно е да се критикува, а најтешко е да се дојде до предлог кој ќе ја опфати визијата и желбата на сите, смета Петровиќ, дополнувајќи дека поради тоа треба да се разбере дека во процесот на дијалогот не смее да има ниту победници, ниту губитници.

Не сакајќи да изнесува детали, тој рече дека на крај ќе биде донесена компромисна дефиниција на односите и надлежностите. „Опасно е тоа да се прејудицира. Дајте уште малку време страните да се усогласат“, порача тој.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина