Почина српската актерка Неда Арнериќ

Од:

Денеска почина српската глумица Неда Арнериќ, а според првичните информации, таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан од страна на нејзиниот брат.

Глумицата, како што пренесуваат српските медиуми, неодамна се вратила од зимовање. Минатата година нејзиниот брат ја пронајде онесвестена во нејзиниот дом и таа помина извесно време во болница, а неодамна за медиумите изјави дека има намера да се пресели во Индија и да искуси аскетски начин на живот.

Таа е родена во 1953 година и има богата кариера како глумица и зад себе остави бројни успешни улоги. Се прослави со филмот „Исправи се Делфина“, играше во „Хамсин“, „Малку, многу страствено“, „Пакост“ и други.

Таа се повлече од јавноста кон крајот на 2018 година кога почина нејзиниот сопруг. Медиумите за тоа дознаа подоцна, бидејќи актерката не сакаше да зборува за неговата смрт во јавноста.

 

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија