Импичментот за Трамп следната недела ќе биде во Сенатот

Од:

Претседавачот со Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска најави дека следната недела ќе ги дополни законските одредби со кои и формално ќе почне судењето за отповикот на американскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот.

Претставничкиот дом на 18 февруари усвои две одредби за импичментот против американскиот претседател, за злоупотреба на моќта и за попречување на Конгресот.

„Од претседателот на Правосудната комисија Џери Недлер побарав да биде подготвен следната недела до Горниот дом на Конгресот да ја проследи резолуцијата за отповик со која одредбите за импичментот ќе се префрлат на Сенатот“, наведе Пелоси во соопштението.

Демократите сакаат во Сенатот да сведочат актуелните и поранешните соработници на претседателот кои одбиваа да соработуваат во истрагата за отповикот.

Белата куќа сака брзо да заврши процесот во Сенатот, во кој се очекува претседателот да биде ослободен од обвиненијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД