Дете на возраст од 11 години со пиштол влегло во училиште во мексичкиот град Тореон, ја убило наставничката, ранило уште најмалку пет лица, а потоа извршило самоубиство.
„Денеска е денот“, изјавило детето пред да го изврши нападот, а стравотни фотографии од пукањето биле објавени на социјалните мрежи.
Според медиумите, станувало збор за дете кое најверојатно имало психички проблеми, но било одличен ученик кој не покажувал знаци на насилство.
Пред да го изврши убиството, детето ја замолило наставничката да оди во тоалет, а кога не се вратило, таа отишла да го побара. Го сретнала во ходникот, видела дека момчето држи оружје во раката, а тоа веднаш ја застрелало.
Ученикот отворил оган и кон учениците, меѓу повредените се две девојчиња на возраст од седум и осум години и 40-годишен наставник кој бил погоден во раката.