А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Макканбис“: 740 луѓе ќе останат на улица ако ВМРО-ДПМНЕ не се вразуми за извозот на канабис

by А1он10/01/2020 - 17:0711/01/2020 - 08:231061
Share0

Неосновани и неаргументирани се тврдењата на одредени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои го спречија влегувањето на предлог-законот за контрола на опојни дроги и писхотропни супстанци во собраниска процедура, велат од здружението „Макканабис“ откако вчера власта и опозицијата жестоко се судрија околу носењето на овој закон, а ВМРО-ДПМНЕ побара тој да се одложи за после изборите.

Добивај вести на вибер

„Несфатливо е како пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ги гледаат придобивките од индустријата која на дневно ниво се развива во светот и добива се поширок размер во лекувањето на тешко излечивите заболувања каде класичната медицина не покажува големи резултати“, велат од „Макканабис“ и додаваат дека со недонесувањето на законските измени се создава ризик од затворање на една цела стопанска гранка и дава негативен сигнал за домашните и странски инвеститори.

„Како Здружение и директно засегната страна, ги отфрламе тврдењата на претеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека законот е штетен за здравјето на граѓаните и дека со него се отвора пат за манипулација на институциите на системот, а во интерес на неколку компании-производители на канабис за медицинска употреба“, велат од здружението.

Сосема спротивно на ставот на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од „Макканабис“, со законот ќе се воспостави целосна контрола над производството, злоупотребата и употребата за медицински цели на опојните дроги и психотропни супстанции, а со тоа и заштита на животот и здравјето на луѓето и ќе се овозможи домашните производители на канабис за медицински цели да го извезуваат својот производ на светските пазари.

„Загубите на производителите на канабис за медицинска употреба предизвикани од забраната за извоз се повеќе од 50 милиони евра. Доколку не бидат донесени измените на Законот повеќе од 740 луѓе вработени во оваа индустрија ќе останат на улица. Дополнително и државата ја губи можноста за значаен девизен прилив кој ќе го обезбеди извозот на цветот од канабис за производство на масло за медицинска употреба“, велат од „Макканабис“.

Тие апелираат до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го земат предвид фактот дека овој Закон е донесен во 2016 година и оттогаш не се направени потребните измени кои ќе ни овозможат развој на бизнисот и да не го одложуваат усвојувањето на Законот, а со тоа и работењето и унапредувањето на индустријата.

kanabismakkanabis

Би можело да ве интересира

Патник „почести“ стјуардеси со бонбони со канабис, тие завршија во болница со халуцинации

А1он14/02/2026 - 17:3014/02/2026 - 17:14

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци

Горан Наумовски12/02/2026 - 12:11

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

Уапсен жител на Белчишта кај кого се пронајдени 145 стебла канабис сатива

Горан Наумовски31/05/2025 - 15:42

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

Катерина Ѓуровски28/12/2023 - 11:49

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски07/10/2023 - 17:4707/10/2023 - 17:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен