Најмалку осум припадници на ирачката милиција загинаа при воздушен напад во Сирија

Од:

Неидентификувани авиони нападнаа утрово позиции на проиранските сили во Сирија, при што загинаа осум припадници на ирачката милиција, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Мета на нападот биле позиции кои им припаѓаат на проиранските милиции во областа Боукамал, во близина на границата со Израел.

Организацијата, чие седиште се наоѓа во Лондон и која ја документира војната во Сирија преку мрежа на активисти на терен, соопшти дека авионите погодиле и магацини со оружје и возила кои им припаѓаат на милициите.

Пријавени се неколку експлозии во пограничното подрачје, но не е познато чии авиони го извршиле нападот.

Засега нема коментари на овие информации од страна на сириски официјални претставници.

Нападот се случува во момент на тензии во тој регион меѓу САД и Иран.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка