ВМРО-ДПМНЕ: Опструкциите, ниските удари, лажните вести и манипулациите нема да ја продолжат политичката кариера на Заев

Од:

„СДСМ го очекува тежок пораз на предвремените парламентарни избори. Затоа СДСМ на секаков начин се обидува да ги опструира техничките министри и замениците предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои треба да ја гарантираат професионалноста на институциите.

На Бихаќка владее страв дека преку делувањето на техничките министри и заменици министи ќе излезат на виделина сите злоупотреби и манипулации кои овие три години беа реализирани по наредба на Зоран Заев.

Затоа Ангеловска со наредба им забрани на вработените во министерството за финансии да комуницираат со дополнителната заменик министерка, Гордана Димитриеска-Кочоска. Целта на овие опструкции е да не се откријат злоупотребите на парите на граѓаните кои веќе три години, преку криминалнте тендери и грантови, завршуваа во џебовите на партиски послушници од СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нарачаните антисемитски напади врз министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи беа заради откривање на скандалот со дополнителните 4.603 нови нерешени барања за надоместок за помош на нега од трето лице, со што вкупниот број се искачи на 11.514 нерешени предмети. Ова е уште една потврда за неспособноста и неработата на Владата предводена од СДСМ.

Заменик министерката во министерството за информатичко општество и администрација, Невена Стаменковска Стојковски, обелодени дека за период од само 2 месеци се распишани огласи за вкупно 4.131 работно место во јавната администрација и државните претпријатија. Власта е фатена во очајнички обид за партизација на администрацијата пред парламентарните избори.

Опструкциите, ниските удари, лажните вести и манипулациите нема да ја продолжат политичката кариера на Зоран Заев. Крајот е близу, граѓаните на 12 април ќе изберат обнова на Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски