УЕФА очекува 250 милиони гледачи во недела

Од:

УЕФА соопшти дека очекува околу 250 милиони луѓе да го проследат телевизискиот пренос на финалето на Европското првенство меѓу Италија и Шпанија, кое се игра во недела.

Претходното финале на Европскиот шампионат помеѓу Шпанија и Германија го следеле 237 милиони гледачи.

Директорот на маркетинг, Џи-Лоран Епстин, изјави за агенцијата АП, дека УЕФА очекува во недела оваа бројка да биде надмината.

За да се пресмета просечниот рејтинг на гледаност, потребно е некој да гледа најмалку 30 минути од натпреварот.

Епстин додаде дека УЕФА очекува околу 350 милиони луѓе, кои ќе гледаат барем една минута од натпреварот.

Финалето на Европското првенство ќе се игра во недела во 20 часот и 45 минути во Киев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска