Мета: Иранскиот напад е провокација со опасни последици за стабилноста во регионот

Од:

Албанија не е ѓаволска, туку демократска земја, која страдаше од невидена ѓаволска диктатура, па затоа човековите права за неа се светост.

Вака албанскиот претседател Илир Мета ја искоментира изјавата на иранскиот духовен водач Али Хамнеи, кој Албанија ја прогласи за непријател, додавајќи дека таа е како „ѓаволска земја која ги поддржува нивните противници“.

Тој рече дека за две децении, Албанија останува цврсто посветена да ги поддржува Соединетите Американски Држави и земјите од НАТО во борбата против меѓународниот тероризам и било какви постапки кои ја загрозуваат стабилноста и мирот во светот.

Претседателот Мета го нарече „провокација со опасни последици за стабилноста во регионот“ иранскиот ракетен напад врз двете американски бази во Ирак.

„Ракетите испукани од Иран кон две ирачки воени бази, во кои се сместени американски воени сили и персонал на коалицијата се провокативен потег со опасни последици за регионот и нејзината стабилност. Иран мора да ги почитува меѓународните договори, меѓународните закони и неговите обврски во интерес на мирот“, рече албанскиот претседател Илир Мета.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он