Новиот еврокомесар доаѓа во Скопје, ќе се информира за реформите

Од:

Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархели на 15 и 16 јануари ќе допатува во посета на земјава и тоа ќе биде негова прва посета по стапувањето на функцијата еврокомесар.

Се очекува Вархели да оствари средби со владини претставници, на кои најверојатно ќе стане збор за новата методологија предложена од Франција и текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство.

На 18 декември вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со Вархели во Брисел, при што му го претстави реформскиот план на Владата до самитот на Европскиот совет во март.

Европската комисија ќе објави мини-извештај за Северна Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

Еврокомесарот Вархели, минатиот месец рече дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат на пролет. Тој тогаш рече дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври.

Земјите-членки на ЕУ не се договорија за почеток на преговори со двете земји, поради противењето на Франција, која пак, услови со нова методологија на преговарање.

Европската комисија треба да излезе со предлог за новата методологија до крајот на јануари.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски