По заканите на Иран, албанските антитерористички сили на готовност

Од:

Убиството на генералот Касим Сулејмани од страна на американските сили во Ирак на 2 јануари и заканите на Иран ја подигна готовноста на антитерористичките сили во Албанија.

Официјални извори од државната полиција за телевизијата „Клан“ изјавиле дека агентите во секторот за анти-тероризам во последниве денови ја зголемуваат размената на информации со домашни и странски агенции и продолжуваат да ги следат иранските државјани кои престојуваат во Албанија за да спречат какво било можен терористички акт.

Албанската полиција во октомври минатата година соопшти дека разоткрила иранска терорстичка ќелија, која подготвувала терорстики акт во Албанија, на празникот Султан Невруз, празник на Беташката верска заедница. Уапси тројца Иранци кои се претставле како новинари и тоа на влезот во седштето на заедницата.

Генаралниот директор на полицијата, Арди Велиу, тогаш ги објави и имињата на иранските терористи,чија мета била Албанија и дека „главата“ на ова ќелија е оперативецот на Силите ЌУДС, познат како „PEYMAN“, дека бил постојан жител на Иран и од „дистанца менаџирал бројка на оперативци во Албанија и во други земји на Централна и Западна Европа“.

Како последица на истрагата за овој случај, која почнала во 2018 година албанските власти го протераа амбасадорот и уште еден дипломат од иранската амбасада во Тирана поради „опасност по нацоналната безбедност“.

Попладнево албанската министерка за одбрана, Олта Џачка објави дека албанската армија нема свои војници во Ирак. Во меѓувреме Топ чанел јави дека во северниот дел на Иран живеат 42 албански државјани, 30 од нив работат во Ербл, додека 12 во Багдад.

Би можело да ве интересира

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран

(ВИДЕО) Иран објави видео: Вака удривме на Израел

Иран му се обрати на Вашингтон: Пораката е јасна и не е добра

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации