ОДРАЗ се роди на улица и ќе дејствува таму

Од:

Неколку независни и непартиски здруженија обединети во формација под заедничко име ОДРАЗ (Организација за демократска реакција и асоцијајција на здруженија) веќе извесен период работат на заштита на правата на граѓаните и нивна одбрана при конфронтација со државата.

Седиштето на организацијата се наоѓа во Бизнис-центарот во Прилеп, а дејствуваат на територијата на целата држава.Започнале како Здружение на стопанственици, но и покрај притисоците и заканите од локалните власти, успеваат да го зголемат членството и активно да функционираат.

Имаат цел да им помогнат на граѓаните да се чуе нивниот глас, апелираат на будење на свеста. Се залагаат за помали даноци,поголемо учество на граѓаните во креирањето на државните политики, родова еднаквост изаштита на правата и слободите на граѓаните пред институциите, испровоцирани од власта,од глувите институции и нивните деструктивни политики, кои го угнетуваат граѓанството.

ОДРАЗ реагира на нискиот животен стандард и апелира на будење на свеста кај граѓаните, бидејќи, како што велат:во Македонија се плаќа најскапа струја, со 33 проценти додаток за моќност, плус ДДВ, вкупно –  42 отсто, па со тоа на секоја сметка од 2.000 денари граѓаните се украдени 800 денари од страна на државата.

Како иницијатива стојат зад сите обесправени,манипулирани и ограбени граѓани, на кои им нудат бесплатна правна помош и соработка преку своите отворени канцеларии. Минатиов месец невладината организација ја презеде иницијативата за  поднесување поединечни тужби  до Основниот суд во Прилеп, бидејќи до март 2008 год. ЕВН од корисниците наплаќала 6 денари манипулативен трошок под ставка 25 во сметките, што на одредени семејства можат да им донесат 4 до 5 илјади денари за камати од платените сметки од двата месеци, јануари и февруари, од истата година. Организацијата бара да се врати дневната ефтина тарифа, како и укинување на додадената електрична моќ од 33 отсто.

Ќе нè гледате на улиците низ нашата држава, но сега ќе бидеме поопремени, поподготвени и ќе бидеме сè побројни. Прво ќе ги посетиме сите градови, ќе ги разбудиме сите граѓани и ќе дојдеме пред нашиот дом – народното Собрание на Р.Македонија, каде што ќе ви докажеме дека ние сме граѓаните што ви го дале правото да управувате со нашите гласови, а не со нашите души- велат од ОДРАЗ.

А.Ш

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај