Кочоски побара масовна излезност од стружани на изборите в недела

Од:

На влезот на струшкото село Мислешево каде што пред еден месец беше поставен дваесетметарски јарбол со македонско знаме, вечерва, неколку  часа пред почетокот на изборниот  молк се одржа завршниот митинг на Коалицијата „Заедно за Струга“.

Владимир Кочоски, кандидат за градоначалник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите политички партии од македонскиот блок од своите сограѓани побара масовна излезност на локалните избори в недела.

-Вечерашново дружење го сфативме како последна порака пред молкот што ќе почне за четири часа за да покажеме дека сме сплотени сите заедно. Значи ќе зборуваме уште неколку часа до полноќ, а на 24-ти март, заедно со музика и со веселба ќе ја прославиме победата и подоброто за Општина Струга, рече Кочоски.

Кандидатот за градоначалник им се заблагодари на сите граѓани за поддршката што и ја дадоа на коалицијата во Струга за шестите по ред локални избори во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори