Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа за „напнатата ситуација во врска со Иран и Ирак“, соопшти портпаролот на германската влада Стефан Зајберт.
– Тие исто така разменија мислења и за актуелната ситуација во Либија и политичките напори за решавање на конфликтот во таа земја. Тие се согласија да останат во контакт за ова прашање, рече Зајберт.