(ВИДЕО) Ќерка и татко лажно продале станови за 650 илјади евра

Од:

СВР Скопје до надлежното Јавно Обвинителство, поднесе кривична пријава против Б.Д.(29) осомничена дека сторила кривично дело „измама“, и против А.В.(59), нејзиниот татко пријавен за „помагање“.

На осомничената Б.Д. и нејзиниот татко, доцна синоќа од страна на надлежниот суд им е изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Во период од декември 2011 година до март годинава, Б.Д. со лажно прикажување на факти во повеќе наврати лажно претставувајќи се како лице кое работи на проект за доделување станови за посебни групи на лица, а потпомогната од странски донации, довела во заблуда тринаесет лица.

Како што денеска соопшти МВР, таа им понудила учество во непостоечки проект за купување станови по цена од 400 евра или поевтино за метар квадратен, при тоа упатувајќи ги лицата сумите за становите да ги уплатат на сметката на нејзиниот татко, со што пријавените за себе оствариле противправна имотна корист од големи размери оштетувајќи ги лицата за вкупна сума од 307.039,20 евра или 18.882.911,00 денари.

Првопријавената на нејзини пријатели и нивни познаници им понудила да купуваат станови по ниски цени како проект за лица со посебни потреби и инвалидитет за кои ќе требале да уплатат дел од цената за станот, додека другиот дел наводно ќе бил платен од странска донација. Оштетените лица требало паричните средства да ги уплатуваат на сметката на нејзиниот татко за кого им кажувала дека преку него ќе бидат вршени финансиските трансакции. Откако лицата ќе ги уплателе парите, појаснуваат од МВР, таа им кажувала дека ќе треба да потпишат договор за купопродажба на станот и истиот да го заверат кај нотар, со кој договор подоцна би отишле во Агенцијата за катастар на недвижности – Скопје за да добијат прелиминарен имотен лист. Откако во повеќе наврати оштетените контактирале со пријавената и постојано измислувала најразлични приказни за да го одложи потпишувањето на договорот, истите го пријавиле случајот во полиција.

Од страна на полициски службеници на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, двајцата пријавени се приведени и со истите е извршен службен разговор во кој појасниле дека со паричните средства кои легнувале на сметката на второпријавениот купиле автомобил „Опел Астра“, недвижен станбен простор од НАСТЕЛ ДООЕЛ Скопје. Парите ги користеле и за купувања за лични потреби, а исто така поголеми суми на парични средства биле префрлени на лице од Охрид без да ја знае причината за трансферот и на роднина од Струга за да купи станови за неговите деца.

Во текот на вчерашниот ден по приведувањето на осомничената во полиција се јавиле уште 17 оштетени граѓани кои пријавиле дека биле измамени за дополнителни 340.000 евра. Оваа група исто посочила дека осомничената им нудела преддоговори без правно дејствие ветувајќи дека остатокот од реалната сума на становите ќе ги покривала македонската, белгиската или холандската влада во наводниот проект.

Со оглед на тоа што на спорната сметка има уплаќано повеќе пари од досега пријавената штета, а не е исклучено да постојат сметки и во други банки, постојат индиции дека бројот на оштетени граѓани е поголем.

МВР апелираме сите кои уплаќале пари на нејзините сметки да дојдат во СВР Скопје и да пријават.

Полицијата продолжува да работи на докажување и документирање на уште измами сторени од страна на пријавените и стои на располагање и на други граѓани кои поверувале во нивната приказна уплаќајќи одредена сума пари.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он