(ВИДЕО) Арифи: Во следните четири години Тетово ќе сјае

Од:

Горда сум што сме собрани тука да ја искажеме нашата љубов за Тетово, да покажеме дека тетовци имаат желба градот да го добие својот сјај. Ако сакате да знаете што значи слобода, дојтете во Тетово. Ова на вечерашниот завршен митинг на ДУИ на тетовскиот плоштад го рече кандидатката за градоначалник Теута Арифи.

„Јас сум тетовчанка и ја клекнувам само пред господ.Јас преземам одговорност пред бога дека во следните четири години Тетово ќе сјае. Ќе работам со чест бидејќи Тетово заслужува повеќе, заслужува многу и ние заедно треба да ја изградиме нашата иднина. Мене не ми треба само вашиот глас туку и вашиот збор дека зедно ќе ја дадеме и душата за градот и ќе го направиме најнапреден и најразвиен во Македонија, како и тоа капка вода да не биде сон за тетовци. Ќе работам инстутуциите од општината да станат пример со нивната добра работа“, изјави Арифи.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети порача дека Арифи досега била ангажирана во повеќе сфери и од секаде се враќала со крената глава и многу постигнати успеси.

„Барама од сите наши изборни штабови на 24 март изборниот процес да биде мирен и слободен и народот слободно да гласа. Ние нема зошто да се плашиме бидејќи ги имаме најдобрите кандидати од Струга до Липково. Апелирам до сите политички опоненти на денот на изборите да комуницираат меѓусебе со цел да овозможиме слободни и фер избори. Ние оставем траги со нашата работа што може да ги види секој и го осигурувам, нашите кандидати дека ќе ја имаат секоја можна помош од министрите, замениците министри и другите функционери на ДУИ бидејќи сите ние работиме за доброто на граѓаните“, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он