Тачи: Политиката на ДУИ не води во насока на заштита на Албанците

Од:

ДПА во Гостивар вечерва го одржа завршниот митинг во пресрет на локланите избори што ќе се одржат в недела.

Лидерот на партијата Мендух Тачи од своите сопартијци и симпатизери побара поддршка за изборите и рече дека двајцата противкандидати имале мандати, но не ги исполниле ветувањата.

– И двајцата се луѓе на Груевски, едниот преку партијата која е во владина коалиција е добар послушник, а другиот преку Демократската Партија на Турците. Тие се неодговорни личности и затоа вие со вашиот глас ќе ги тргнете од политиката, рече Тачи.

Според него, политиката на ДУИ воопшто не води во насока на заштита на интересите на  Албанците.

– Кога некој со таква леснотија го продава своето родно место како Кичево, зошто би водел сметка за помалите средини како Врапчиште или некое помало село. Ќе биде срамно ако не ги победиме и на тој начиј ја казниме политиката на двоецот Груевски-Ахмети, изјави Тачи.

Кандидатот за градоначалник Миат Садику ги критикуваше ветувањата на двајцата опоненти, кои како што кажа имале шанса, но освен празни зборови ништо не оставиле зад себе.

– Не гласајте за луѓето кои богатството на народот го присвоија за себе и сега го делат за гласови. Вие гласајте за платформата која го штити дигнитетот на граѓанинот, е против непотизмот и дискриминацијата. 24 март ќе биде ден кога на луѓето ќе им се врати надежта, рече Садику.

Освен носителот на листата за членови на советот на општина Гостивар Мујдин Биљали и кандидатот за градоначалник на соседната општина Врапчиште Исен Шабани.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“