А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Здравев да свика вонредна седница на Судскиот совет, бара еден од адвокатите во „Т.Н.Т.“

by А1он05/01/2020 - 18:4416/01/2020 - 15:05460
Share0

Соопштение до јавноста – Обраќање до Претседателот на судски совет

Добивај вести на вибер

Во врска со вчерашната телефонска изјава на Претседателот на судскиот совет г-дин Киро Здравев дека ,,седницата е веќе закажана и дека ќе се одржи по ултимативниот рок на одбраната,, денес повторно го повикувам да смогне сила и да оддолее на притисоците кои се прават врз него за целиот овој временски период и да свика итна  вонредна седница на судскиот совет и веднаш да одговори на барањето од Претседателот на основниот кривичен суд   дека поднесеното барање од негова страна за продолжување на мандатот на поранешната судија – поротник Лидија Ивановска – Кочковска е незаконито и спротивно на Законот за судови и Законот за судски совет како и  дека  Судскиот совет нема законски основ за донесување на таква одлука  бидејќи на истата веќе и е престанат мандатот со протекот на времето за која истата е избрана.

Воедно со неговата вчерашна изјава како и недавање на одговор по однос на поставените прашања кои јавно му беа поставени, можам да сметам дека постапуват спротивно на Уставот и законите во РСМ, иако преку институцијата која ја раководи е најповикан за почитување на уставот и законите на РСМ и за почитување на НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСТВОТО.

Доколку и понатаму во наредните денови не даде јавно одговор на поставените прашања бидејќи јавноста мора да биде запознаена со неговата работа и работата на институцијата со која раководи и не достави одговор на барањето на претседателот на Основниот кривичен совет станува потикнувач и помагач при вршење на повеќе кривични дел, а воедно и самостојно врши дејствиија кои  имаат обележја на кривични дела согласно КЗ.

Јавноста, а и судската фела како и членовите на Судскиот совет треба да бидат запознаени со сите незаконски дејствија кои се предземаат од негова страна и го охрарувам јавно да проговори за притисоците кои ги трпи за целиов овој период.

Денес му доставувам уште едно прашање на Претседателот на судски совет г-дин Кирил Здравев:

Дали договорот со Вашите наредбодавачи е до 27 јануари незаконски да се заврши предметот ,,ТНТ,, а на седницата закажана на 27 јануари да го изберете Огнен Ставрев за судија на Апелациониот суд?

Адвокат Јовица Страшевски

sudski sovettnt

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Катерина Ѓуровски03/02/2026 - 14:24

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Катерина Ѓуровски03/02/2026 - 13:43

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он28/01/2026 - 15:45

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он20/01/2026 - 16:55

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он20/01/2026 - 15:18

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава

Катерина Ѓуровски15/01/2026 - 11:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен