Првпат во државава извршено породување во вода во болница во Битола

Од:

Лекарски тим на приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ синоќа во Битола го изврши првото породување на бебе во вода, метода која првпат се реализира во државава.

Мајката е од Битола, првата рожба е женско бебе или како што информираат од болницата, тоа е првото македонско бебе родено во вода во матичната држава.

– Ова е огромен успех за нашиот тим, кој после бројните обуки надвор од државата, имаше можност оваа метода да ја примени за првпат и во РС Македонија. Породувањето за мајката и за новороденчето со оваа метода носи голем број предности, кај мајката се намалуваат на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување. Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и дава комфор на родилката и на акушерките, велат од болницата.

Додаваат дека породувањето во вода важи за алтернативен метод, што често е применлив во клиниките во свeтот.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството