Тачи: Косово очекува да стане член на ОН

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи денес во Њујорк изјави дека Косово со право очекува во блиска иднина да стане член на Обединетите нации и да ги нормализира односите со Србија .

-Убеден сум дека Косово и Србија можат да ги нормализираат односите со дијалог. Со право очекуваме во блиска иднина Советот за безбедност при Обединетите нации да ја усвои новата резолуција, која Косово ќе го направи рамноправен член на ОН – изјави Тачи.

Тој наведе дека Косово денес е познато, за разлика од половина членки на Обединетите нации и дека е член на многу меѓунардони институции. Додаде дека косовската страна ќе биде конструктивна во спроведувањето на договорот за постигнување на дијалог помеѓу Белград и Приштина и дека ќе се нормализираат односите со Србија.

-Србија не покажа исто ниво на подготвеност, што се гледа и од неспроведувањето на договорот – изјави косовскиот премиер, кој додаде дека Србија се обидува да го спречи Косово да учествува во регионалните случувања.

Тачи нагласи дека Косово нема да биде место на поделби и барикади и дека нема да дозволи создавање на нова Република Српска.

-Ја повикувам Србија да ги расформира илегалните структури за безбедност и правосудство и да престанат да создаваат напната атмосфера на Косово. Сакам да верувам дека и премиерот на Србија е исто така загрижен за владеењето на правата на северот на Косово и дека сака жителите на живеат без страв – изјави тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина