СДСМ: Тимот на Мизрахи е олицетворение на погубните политики на режимот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од режимската матрица во која е западната.

Потврда за тоа е тимот на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е составен од веќе познати лица на јавноста од режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Маријанчо Тодоровски советник во град Скопје во времето на Коце Трајановски е еден од креаторите и учесник во унаказувањето на градот преку мега криминалниот проект Скопје 2014.

Ѓоко Велески е уште еден остаток од груевизмот, соработник од времето на неспособното владеење на Диме Спасов.

Токму тоа беше времето во кое што освен немилосрдно се трошеа пари на луксуз и расипништво никој не водеше грижа за сиромашните, стечајците беа игонирани и турнати на маргините, а социјалната помош беше срамна и недоволна за ништо, пензионерите беа постојано манипулирани а усогласувањето на пензиите беше злоупотребувано за купување на гласови пред избори.

Тимот на техничката министерка Мизрахи е дел од матрицата која ги погазуваше правата на жените, која наметна рестриктивен закон за абортус, матрица која не дозволуваше поголема родова еднаквост и поголема застапеност на жените.

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е веќе видена и прочитана. Тоа е понуда на масовно кршење на човековите и работничките права на манипулација со пензионерите, на злоупотреба на социјално ранливите и игнорирање на стечајците.

Со таквата понуда ВМРО-ДПМНЕ може да очекува силен убедлив пораз на изборите на 12 април. Граѓаните нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во времето на манипулации и погазувања на правата.

На 12 април граѓаните ќе потврдат дека мерките на СДСМ во социјалната заштита се на прав пат, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он