Разочараниот Гвардиола прекина наем на свој играч

Од:

Напаѓачот Лукас Нмеча, кој до моментов беше под наем во Волфсбург, ќе игра на изнајмување во Мидлзборо, одлучи шампионот Манчестер Сити, кој ги има правата врз напаѓачот. 21-годишниот фудбалер ќе го продолжи својот развој во клубот Североисточна Англија, откако одигра само 11 натпревари со екипата на „волците“ во Германија. Тоа не му се допаднало на менаџерот Пеп Гвардиола и тој прекрати наемот во тимот на Бундес-лигата.

– Секој во Сити му посакува среќа на Лукас за неговото враќање во англискиот фудбал. Во Германија, ситуацијата не беше таква како што сметавме дека ќе биде. Ние му посакуваме се најдобро во неговиот развој, изјавија од Манчестер Сити.

Лукас Нмеча беше јуниорски и младински репрезентативец на Англија, а сега игра за тимот на Германија под 21 година.

Би можело да ве интересира

Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер Сити на уште две години

Пеп Гвардиола: Би сакал еден ден да станам селектор

Пеп Гвардиола уште две години на кормилото на Манчестер Сити

Гвардиола: Имавме голем тактички проблем со Брентфорд

Гвардиола: Халанд ќе дебитира, освен ако не го скрши глуждот

Гвардиола: Не се грижете, јас нема да сум Алекс Фергусон

А1он