(ВИДЕО) Ременски: Одлуката за обвинение против мене е избрзана, ќе се докаже дека нема докази

Од:

Пратеничката Фросина Ременски за обвинението дека е вмешана во случајот „Меѓународен сојуз“ рече дека дознала од медиумите, при што одлуката ја оцени како избрзана и апсурдна, бидејќи нема докази против неа.

Во однос на целата ситуација, вели дека ќе го истурка целиот мандат како пратеник до крај, и не очекува иницијатива за негово одземање.

„Апсурдно ќе биде за секој политичар во иднина, кој ќе се обиде да даде поддршка на граѓанска иницијатива или идеја, да биде осомничен или обвинет, а притоа пратеникот или политичарот имал повисока благородна цел. Затоа најавувам реформи на јавното обвинителство и очекувам соработка со новиот министер за внатрешни работи, но и шанса опозицијата да покаже конструктивност. Убедена сум дека во оваа смешна постапка, на крајот ќе се види дека нема доволно докази“, рече Ременски.

Таа додава дека зад целата ситуација се кријат игри за политички елиминации, но притоа не посочи имиња и извор за таа цел.

„Порачките за политички елиминации се се уште функционални. Одредени структури имаат политички амбиции за ваква цел, а доказ во таа насока е што овој настан се случува на денешен ден“, рече Ременски.

Воедно кажа дека нејзините политички активности за изборите се замрзнати, но дека нема ништо против тоа што не учествува во подготовката на изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Ременски и врати на Русковска: Ве победив на суд, а писмото ви е за домашна употреба додека клеветнички го рушите угледот на државата

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Боки 13 во „Меѓународен сојуз“: Измамник не враќа пари, бара земјиште, склучува договори – не сум виновен

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Ременски негира вина во „Меѓународен сојуз“, ја обвини обвинителката Трајчева за злоупотреба на службената положба

Кристијан Ландов

Адвокатот на Јовановски тврди дека се невини: Ај вие со измама земете му на Силјан Мицевски пари, да видиме дали ќе ги добиете

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Меѓународен сојуз“: Пеливанов побара Боки 13, Ременски, Ерцеговиќ и остантите да бидат осудени

Кристијан Ландов

Што кријат пораките на Боки 13 со осум високи функционери, судијката треба да одлучи дали ќе се читаат

Кристијан Ландов