(ВИДЕО) „Меѓународен сојуз“: Пеливанов побара Боки 13, Ременски, Ерцеговиќ и остантите да бидат осудени

Од:

Судот да ги прогласи за виновни Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Јасна Ерценовиќ, Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска побара Обвинителството. Обвинителката Ивана Трајчева тврди дека докажа вина кај Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ремнски, Јасна Ерценовиќ, Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска. Таа во судницата ги слушаше завршните зборови кои ги напиша за „Меѓународен сојуз“, а ги презентираше нејзиниот колега Трајче Пеливанов. Ова е последица на тоа што Трајчева нема мандат, бидејќи утре треба да се одлучи дали ќе остане обвинителка за гонење организиран криминал.

„Предлагам судот да ги осуди на казна соодветна на стореното кривично дело. Предлагам судот да им наложи да ја надоместат штетата, а која настанала при извршување на кривичното дело измама“, кажа Пеливанов.

Според Пеливанов, Јовановски ветувал изградба на старечки домови, а не планирал да ги реализира проектите. Тој тврди дека докажале дека ако Фросина Ременски не одела на состаноци со бизнисмени – Јовановски немало да склучи договори преку „Меѓународен сојуз“ со бизнисмени. Побара осудителна пресуда и за Јасна Ерцеговиќ и асистенката Христина Блажевска, со тврдење дека докажале помагање.

„Во текот на постапката се докажа дека обвинетите ги сториле делата. Оваа постапка се води за наводно хуманитарно здружение и неговото раководство, чија хуманитарност остана на хартија, а се случи измама. Измамата е за личните интереси на Бојан Јовановски, првиот човек на ова хуманитарно здружение. Тој бил помогнат, а не од било кого, туку од личности кои не биле случајно избрани. Сѐ што правеле, правеле заедно. Како ќе измамите некого да ви плати 719.905 евра, ако позади вас нема некој што има долгогодишно искуство во овие работи и некој кој за вас ќе направи било што. Тука биле поставени луѓе блиски до Бојан Јовановски“, кажа Пеливанов.

Обвинителот посочува дека и сведоците го потврдиле истото.

„Од изведените материјални и вербални докази се докажа дека Јовановски ги довел во заблуда оштетените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски кои се сопственици на фирми, а со цел да набави протиправна имотна корист за себе. Двајцата кажа дека од Бојан Јовановски им бил презентиран проект за старечки домови и дека ќе обезбеди државно земјиште. Тие утврдиле дека имале исплатливост од тоа, склучиле и договор. Но пред договорите, имало убедување на состаноци каде биле Бојан Јовановски, Фросина Ташевска-Ременски, Јасна Ерцеговиќ. Јовановски знаел дека не може да се обезбеди земјиште за објектите, но не им кажал на оштетените. Тој ги држел во заблуда, со цел да извлекува парични средства од нив. Упорноста на Јовановски не се утврди само од оштетените, туку и од сведоците Агапи Дика, Јордан Камчев, Лилјана Тодоровска“, рече Пеливанов.

Според обвинителот, парите кои на Лилјана Тодоровска и биле замрзнати од Финансова полиција, а потоа и биле одмрзнати по што ги извадила во кеш – не било доказ дека истите се легални.

„Судот нема причина за да не им поклони верба на сведоците и оштетените, со оглед дека исказите се поклопуваат со материјалните докази со кои Обвинителството докажа дека Јовановски примил пари во кеш од Амзоски, па откако сфатил дека бил измамен, Јовановски му ги вратил. Ова се докажа и од сликите на Јовановски. Зошто Јовановски би му враќал пари на Амзоски ако овој проект не се реализирал од објективни причини“, додаде тој.

Обвинителот тврди дека експремиерот Зоран Заев дал поттик за реализација на проектот, но не помогнал, па додаде: „Идно време било, а не сегашно“.

„Средбите и сликите немало да завршат работа ако ја немало Фросина Ташевска-Ременски. Неспорно се докажува улогата на Ременски а тоа е дека зад проектите стои и извршната власт. Јасно и неспорно произлегува свесноста за помагање на Јовановски за кривичното дело измама, бидејќи знаела дека извршната власт не стои зад проектите. Но и покрај ова, Ременски одела на состаноци со оштетените, при презентација на договорите. Тие кажаа дека ако не била Ременски, потпретседател на СДСМ и Собранието, немало да склучат договори со Меѓународен сојуз. Не е зачудувачки овој заклучок на обвинетите, со оглед дека таа била само почесен претседател, немала функција. Таа разработувала проекти, што докажува дека била многу повеќе од почесен претседател. Неточно е дека обвинителството сакало да и наштети на авторитетот“, рече обвинителот.

За Јасна Ерцеговиќ, обвинителот рече дека обвинетата знаела што се правел Бојан Јовановски и што се случува во „Меѓународен сојуз“.

„Од сите сослушани сведоци произлезе дека тие во врска со проектот контактирале единствено со Јасна Ерцеговиќ. Дека таа поединечни денови патувала во Грција, не била постојано во Меѓународен сојуз, не можела да биде доказ дека не била запознаена што се случува. Обвинетата Ерцеговиќ била во тек со се што се случувало, свесно му помогнала на Јовановски да стори дело измама“, кажа обвинителот.

За асистенката Христина Блажевска, обвинителот рече дека од доказите произлезе дека и таа му помагала на Јовановски.

„Учествувала во тековното административно работење. Заедно со Ерцеговиќ ја однеле сведокот Лилјана Тодоровска за да ги извади парите од Комерцијална банка. Неспорно се докажува вмешаноста. Таа со лицето Кирил Ефремовски разговарала за креирање на фиктивни фактури, наводни донации. Неспорно произлегува вмешаноста на Христина Блажевска во сторувањето на делото измама“, додаде Пеливанов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боки 13 во „Меѓународен сојуз“: Измамник не враќа пари, бара земјиште, склучува договори – не сум виновен

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Ременски негира вина во „Меѓународен сојуз“, ја обвини обвинителката Трајчева за злоупотреба на службената положба

Кристијан Ландов

Адвокатот на Јовановски тврди дека се невини: Ај вие со измама земете му на Силјан Мицевски пари, да видиме дали ќе ги добиете

Кристијан Ландов

Што кријат пораките на Боки 13 со осум високи функционери, судијката треба да одлучи дали ќе се читаат

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тензично судење за „Меѓународен сојуз”, расправии помеѓу Боки 13 и судијката за пораките од телефонот

Кристијан Ландов

Боки 13 бара да ја разрешат судијката: Му ја коментирала облеката, била хистерична, врескала, го мразела

Кристијан Ландов