ВИДЕО: Ременски негира вина во „Меѓународен сојуз“, ја обвини обвинителката Трајчева за злоупотреба на службената положба

Од:

Обвинетата Фросина Ташевска-Ременски негираше вина и посочи дека според анти-криминалистичката теорија, постапувањето на обвинителката Ивана Трајчева е злоупотреба на службената положба и овластување. Таа кажа дека постапката за „Меѓународен сојуз“ не е водена според законот: „Целта не е потрага по објективната вистина, туку спротивно, а тоа треба да добие процесно руво. Изигрувањето на истражните верзии, ја изигрува и судската верзија. За правилна пресуда и изигрување на замките, судот треба да има судска верзија и така ќе биде отворен за докажување на кривичното дело“. Според неа, Трајчева се обидува да симулира кривично дело.

“Ако ова што е поддршка за совијален и општествен проект, тогаш овде нема да има место за да седнат сите кои исто така дале поддршка. Ако е ова кривично дело, тогаш да ме обвините за уште пет вакви. За многу општествени проекти сум дала позитивно мислење, сум промовирала проекти кои не се реализирани а биле дел од владимите програми. По оваа логика проектите изборните програми кои не се реализирани се исто така измами. Не може нешто штп нема елементи на кривично дело да се третира како кривично дело”, рече Ременски.

„Постапката е водена надвор од начелото за легалитет, односно постоење докази, како и спротивно на начелото на објективност кое од органите бара свесно и темелно собирање на докази и информации, за невини да не бидат осомничени, обвинети или осудени. Во овој случај самиот чин на поттикнување на сведокот Лилјана Тодоровска да го извести МВР по 16 месеци за измама, а не кражба е злоупотреба на службената положба и овластување. Тоа е направено по десет дена откако даде изјава пред овој суд“, меѓудругото кажа Ременски.

Според неа, правните лица во истражната постапка не се повикани од јавниот обвинител и немале добиено својство на измамени и оштетени лица. Таа додаде дека како оштетени тие имаат право и го искористиле да истакнат отштетни побарување, но никогаш немале добиено таков статус.

„Само доколку биле почитувани овие начела во фаза на предистрага и истрага можело да се утврди како и на кој начин сум можела да помогнам во измама, каде нив им е причинета штета, односно во што се состоело моето помагање, на кого сум му давала препораки, совети, упатства. На денот на исказот на оштетените во судот, УЈП правела контрола. Без разлика дали е намерна или случајна или редовна, инспекциски надзор било правело кога одговорните лица даваа исказ, што може да се смета за притисок. Сведокот Ресул Лога кажа дека проектот бил добар, Ардијан Амзоски кажа дека верувал во проектот и имал поддршка од власта. Лога кога беше прашан кога барал да се враќаат парите, тој одговори: ‘Во моментот кога сфативме дека нема да се реализира договорот, кога се случи приведувањето на Бојан Јовановски, почнавме граѓанска постапка’“, кажа Ременски која посочи дека Лога пред судот се изјаснил дека имал контакт со неа, но не кажал кога и како.

Ременски за исказите на Ресул Лога, Ардијан Амзоски и Силјан Мицевски рече: „Јасно се гледа дека со ниту еден доказ, ниту една изјава, не е посочено дејствие од моја страна кое би одело во прилог на обвинението. Напротив, излегува спротивното. Тие имале сериозен финансиски и деловен интерес. Кај Мицевски има и личен интерес за изградба на старечки дом, што му било желба. Сведоците свесно непристапиле кон покренување постапка во врска со обврските во договорот до приведување на Јовановски, што може да се сфати дека верувале во реализација на проектот. Наводите дека јас сум авторитетна и угледна личност, не се доволни за битието на кривичното дело помагање на измама. Моето име не е споменато надвор од контекст на други лица, кои не се на обвинителна клупа, а имале проактивна улога во реализација на проектот“.

Таа посочи дека секогаш декларативно давала поддршка на општествено важни проекти. Ременски додаде дека Силјан Мицевски јасно сведочел дека таа никогаш не влијаела да даде пари за проект или да поддржи проект.

„Ниту од материјален и вербален доказ не произлезе дека сум учествувала во договарање на цена меѓу Меѓународен сојуз и Дрим билдинг и Пелистер, ниту начин за уплати“, додаде Ременски која посочи „ова можеби е првиот случај каде деловно способни луѓе кои се свесни за постапките, се кривично неодговорни односно ослободени од одговорност“ мислејќи на останатите лица кои беа сведоци а имале високи функции во „Меѓународен сојуз“.

Ременски потсети дека Лилјана Тодоровска, која е автор на проектот за старечки домови, кажа дека ексминистерка Мила Царовска ја пратила во „Меѓународен сојуз“.

„Иако не сум учествувала, не сум договарала и преговара во име на договорените страни, не сум автор на предметот на договарање, проектот или услугите, потписник на договорот, јавното обвинителство неоправдано ме обвинува без опис во обвинителниот акт – бидејќи не може да има опис за нешто што не постои“, рече Ременски.

Додаде и дека сите влади досега помагале општествени проекти.

„Јас немав улога на владин претставник, тоа го прават ресорните институции“, кажа Ременски.

Судијката Софче Гаврилова Ефремова, за обвинувања кон обвинителката, реагираше пред крајот на завршните зборови. Ѝ посочи на Ременски да ги скрати завршните зборови, зошто и така се постигнува поентата.

„Злоупотребите евентуални во кои се сомневаат се поднесуваат до надлежни институции, не во завршен збор во постапка. Излеговте пошироко од тоа што требаше, а тоа се дејствијата за кои вие се товарите. Знаете каде се поднесува доколку се сомневате во злоупотреби. И завршувајте веќе, и со пократок говор се постигнува поентата“, рече Софче Гаврилова Ефремова.

Би можело да ве интересира

Ременски и врати на Русковска: Ве победив на суд, а писмото ви е за домашна употреба додека клеветнички го рушите угледот на државата

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Боки 13 во „Меѓународен сојуз“: Измамник не враќа пари, бара земјиште, склучува договори – не сум виновен

Кристијан Ландов

Адвокатот на Јовановски тврди дека се невини: Ај вие со измама земете му на Силјан Мицевски пари, да видиме дали ќе ги добиете

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Меѓународен сојуз“: Пеливанов побара Боки 13, Ременски, Ерцеговиќ и остантите да бидат осудени

Кристијан Ландов

Што кријат пораките на Боки 13 со осум високи функционери, судијката треба да одлучи дали ќе се читаат

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тензично судење за „Меѓународен сојуз”, расправии помеѓу Боки 13 и судијката за пораките од телефонот

Кристијан Ландов