ВМРО-ДПМНЕ: Макрадули ја заврши кампањата со неаргументирани обвинувања

Од:

Јани Макрадули ја заврши кампањата онака како што ја почна со празна реторика и голи неаргументирани обвинувања, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на коалицијата „Сојуз за иднина“ предводена од СДСМ.

– Тој пред граѓаните не понуди конкретна програма со проекти, финансиска конструкција и рокови, туку излезе со нереални ветувања во кои и самиот не верува. Неговиот придонес за Скопје кога се на се ќе се собере се сведува на изгласувањето на криминалниот и катастрофален ДУП со кој се предвиде зградата Тифани и урбанистичкиот хаос во Дебар Маало, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, се потенцира, на 24 март ќе го кажат своето мислење за придонесот на Јани Макрадули и останатите кандидати на СДСМ и нивните така наречени програма кои набрзина ги направија со украдени, нереални и бесмислени проекти.

Писмена реакција од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на кандидатот за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули

За ДУП-от за кој зборуваат најдобро е да си го прашаат Никола Груевски, кој во 1997 година како советник од ВМРО-ДПМНЕ гласаше за него.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он