(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски да предложи министер во согласност со Уставот и ќе формираме техничка влада

Од:

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да предложи технички министер во МВР кој ќе биде во согласност со Уставот, со цел утре да се избере техничката влада. Тој рече дека има најава дека Заев и Мицкоски денеска ќе разговараат околу новиот предлог што го најави опозицијата.

„Ако е предлогот прифатлив, Заев ќе поднесе оставка и утре ќе се формира техничката влада“, рече Костадинов.

Според него, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, односно партијата оди по стапките на Никола Груевски.

„Дури и кога цела нација гледа дека со нивниот предлог буквално се крши Уставот, ВМРО-ДПМНЕ не се менува ниту малку. Членот 97 од Уставот е јасен, дека лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана, треба да биде цивилно лице најмалку 3 години пред изборот. Ние имаме отпор кон кршењето на Уставот. Мицкоски денеска го измеша Статутот на СДСМ, Уставот, тој измеша се“, вели Костадинов.

Би можело да ве интересира

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“, жестоки реакции од опозицијата

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување