Захариев: ВМРО- ДПМНЕ во изминатите 20 дена водеше позитивна кампања во Штип

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев денеска оствари средба со штипските стечајци, на кои што им порача дека идната локална власт нема да штеди за нив.

Захариев побара од стечајците да направат список на оние кои се работоспособни или заради низа здравствени проблеми не можат да се вработат.

Тој истакна дека преку штипските јавни претпријатија ќе бидат ангажирани оние стечајци кои се чувствуваат работоспособни и тоа преку мерката за времено вработување, а со штипскиот бизнис сектор ќе се разговара за вработување на барем по еден стечаец во нивните фирми со цел да го остварат и тие своето право на пензија.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Општина Штип денеска присуствуваше и на прсолавата „Младенци“ во организација на Унија на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Штип. Захариев на младите брачни двојки кои стапиле во брак во текот на минатата година им порача дека општината ќе помага за секое трето родено дете во едно семејство.

Захариев денеска присуствуваше и на пошумувањето кое го организираа екологистите од „Виножито“ и штипското комунално претпријатие.
Тој во своето обраќање пред штипјани истакна дека во изминатите 20 дена ВМРО-ДПМНЕ водеше позитивна кампања, во која се претставија проектите кои се дел од програмата.

– Бидејќи оваа е град на интелектуалци, град со универзитет, каде има голем број странски студенти и во кој ќе створиме амбиент тие да се чуствуваат убаво. Ветивме дека ќе инвестираме многу во здравството, ќе инвестираме во образованието. Ветивме дека ќе градиме многу спортски објекти, улици, патишта во водоводната и канализациона мрежа, рече Захариев.

Според него, граѓаните во текот на кампањата препознаа што е добра програма во која што има 124 проекти за Општина Штип, а за нејзино реализирање ќе бидат задолжени луѓе кои се вредни и кои знаат како да го направат Штип центар на источна Македонија.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“