ДОМ очекува фер, демократски и успешни избори

Од:

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) Велес смета дека в недела во Македонија ќе се одржат фер, демократски и успешни избори.

– Нашите заложби остануваат во насока на промоција и реализација на Зелената програма за зелени општини, што би значело и зелени работни места, зелена економија и заштита на животната средина. Во Велес успеавме да реализираме повеќе активности како зелено кино, зелен чај и освежување, ревијален натпревар во одбојка, низа средби, трибини и мали промотивни активности за лично да ја пренесеме и споделиме пораката „Избери зелено. Диши слободно“, информира ДОМ Велес.

Од ДОМ Велес потсетуваат дека имаат зелена листа со 23 кандидати за Советот со кои изминатиот период ги посетиле граѓаните на Велес, Раштани, Оризари, Башино Село, Превалец и други населени места кои гравитираат кон Велес.

– Од Велес ја почнавме кампањата на овие избори на ДОМ-градот на зелената и еколошка револуција, а еве во Велес на Денот на водите, по Денот на пролетта и екологијата во Велес симболично ја завршуваме кампањата со засадување и поделување на дрвца и расад на граѓаните за да може да се засади зеленото како опција во Велес. Изминатиов период ДОМ засади и подели над 2.000 дрвца и 3.000 цвеќиња за расад, се вели во соопштението од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука