Натпреварот меѓу Далас старс и Нешвил предаторс одигран вчера стана втор по посетеност во историјата на Американската национална хокеарска лига.
На Стадионот „Cotton Bowl“ во Далас присуствуваа 85.630 гледачи. Натпреварот заврши со резултат 4:2 за Далас.
Најпосетен натпревар во историјата на НХЛ е оној во 2014 година кога пресметката меѓу Детроит и Торонто ја следеле 105.491 гледач.