ОЈО: Истрага за обид за убиство во Чајлане

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид за убиство во семејниот дом во село Чајлане, Сарај.

Осомничениот, како што информира ОЈО во вечерните часови на 31 декември, во семејниот дом во село Чајлане, Сарај, при вршење семејно насилство, со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот брат.

– Двајцата браќа најпрвин започнале да се расправаат, па во еден момент осомничениот од џебот извадил нож и неколкупати го прободел оштетениот во вратот, нанесувајќи му убодни рани од животозагрозувачки карактер, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност тој да се даде во бегство, можност да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело, како и да ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетениот, сведоците и вештаците.

Осомничениот се сомничи дека се обидел да изврши кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.2 во врска со ст.1 и во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари