Јапонскиот цар изрази надеж дека во Новата година нема да има природни катастрофи

Од:

Јапонскиот цар Нарухито денеска во својот прв говор во новата година изрази желба 2020 да помине без природни катастрофи.

Царот кој го наследи престолот минатата година во мај, царицата Масако и другите членови на семејството ги поздравија десетици илјади Јапонци кои се собраа пред кралската палата.

– Мило ми е што ја прославувам Новата година со вас. Но, во исто време, се грижам за луѓето кои минатата година беа погодени од тајфуни и обилни дождови. Се надевам дека оваа нова година ќе биде убава, мирна и без природни катастрофи, истакна тој.

Двапати годишно, за Нова Година и за неговиот роденден, јапонскиот царот се појавува на балконот на палатата. Денеска до него беа и поранешниот цар Акихито кој абдицираше на 30 април, што беше прв таков потег во земјата за 200 години, и поранешната царица Мичико.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија