На обвинувањето дека за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ, остварил добивка од 16 милиони евра, Тодоровиќ одговори дека со Жерновски за ова ќе се видат на суд.
Денеска Андреј Жерновски, кандидатот за градоначалник на Центар, изјави, дека позади се кажано стои и го поткрепува со документи.
„Тодоровиќ за 6 години остварил добивка не од 16 милиони евра, туку 16 милиони и 318 илјади евра. Со ова се гледа кој лаже. Тодоровиќ не се појави на ТВ соочување, затоа што имал емоционални проблеми со мене. Треба да се предвиди законска обврска за појавување на ТВ дуели“, рече Жерновски.