Лустраторите открија уште двајца соработници на тајните служби

Од:

Комисијата за верификација на фактите на денешната седница утврди двајца поранешни функционери виле соработници на тајните служби.

Како што информираат од Комисијата за лустрација, едниот е поранешен началник на Одделението на УБК во Битола, а вториот поранешен раководител во Институтот за национална историја.

Началникот на Одделението на УБК во Битола од 1991 до 1997 година од идеолошко-политички и партиски причини издавал наредби за следење на лица меѓу кои имало и основачи на политички партии, но и такви кои легално се обраќале до надлежните државни институции за отворање паралелки на албански јазик што за наредбодателот претставувало обид за уривање на уставниот ред и поредок.

Поранешниот раководител во Институтот за национална историја бил прво ангажиран како оперативна врска под псевдонимот „историчар“, а како соработник на поранешните тајни служби под псеводнимот „барбарос“. За три дена Комисијата за лустрација ќе ги објави досиејата на новите лустрирани на својата веб-страницата.

На денешната седница биле разгледани девет предмети од кои за шестмина не е утврдено дека соработувале со тајните служби, а досието за едно лице е оставено за дополнително истражување.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска