Видно навреден, папата Франциско денеска мораше да се оттргне од рацете на една жена, која на преполниот плоштад Свети Петар во Ватикан го зграби за рака и го повлече кон себе, пренесе „Ројтерс“.
Папата го минуваше плоштадот Свети Петар, поздравувајќи ги верниците на патот кон макетата со сцена од раѓањето на Исус, поставена на шеталиштето.
This evening after visiting the Nativity scene in St. Peter's Square, Pope Francis loses his cool after being grabbed by a pilgrim who wouldn't let go of his hand. The Pope repeated slapped her hand and told her to let go of him. pic.twitter.com/6Qrgh8aZKz
— Catholic Sat (@CatholicSat) 31 décembre 2019
Откако посегна да помилува едно дете, папата почна да се оддалечува, но жената одеднаш го грабна за рака и му се приближи.
Фрaнциско изгледаше како ненадејниот гест да го навреди и брзо ја пушти раката.
Додека луѓето се приближувале кон местото на настанот, жената не покажала знаци на гнев, а не е познато дали му кажала нешто на папата додека го привлекувала кон себе, додава „Ројтерс“.