Трајановски: Кампањата се одвиваше фер и демократски

Од:

Кандидатот за градоначалникот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски денеска оцени дека кампањата за претстојните локални избори се одвивала фер и демократски.

– Уверен сум дека ќе ја добиеме поддршката на скопјани, врз основа на оние проекти кои им ги нудиме во нашата изборна програма. Освен за мене, ја барам поддршката и за Советот на Град Скопје бидејќи без Советот нема да можеме да ја реализираме оваа програма, рече Трајановски.

Тој ги повика граѓаните на Град Скопје на 24 март да излезат масовно и да му ја дадат поддршката за градоначалник, но и за Советот на Град Скопје, предводен од Владо Поповски.

На традиционалната манифестација „Денови на пролетта – Денови на екологијата 2013“ што се одржа во Зоолошката градина во Скопје настапија ученици од Детскиот културен центар „Карпош“, а се садеа и садници.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука