Градска општа болница „8ми септември“: Во пожарот не е уништен ниту еден важечки документ

Од:

Од Градската општа болница „8ми Септември“ информираат дека во просторијата во која избувнал пожарот не е уништен ниту еден важечки документ кој согласно прописите мора да биде архивиран и да се чува.

– Во врска со вчерашниот инцидент – пожар во просторија со архивски материјал, ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември – Скопје, ја известува јавноста дека во спонатата просторија беа сместени документи стари неколку децении и кои веќе беа предмет на постапка на архивско уништување. Во пожарот не е уништен ниту еден документ кој по важечките прописи мора да е архивиран и да се чува со законски предвиден рок, се наведува во соопштението од болницата.

Пожарот избувна синоќа во канцеларија каде се чувал архивски материјал. Од Министерството за здравство информираа дека нема повредени лица, само е причинета материјална штета. Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирала со две возила и пет пожарникари.

Би можело да ве интересира

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба