ВИДЕО: По половина век дивоградба, легализиран затворот во Шутка

Од:

Затворот во Шутка по половина век постоење,не е повеќе дивоградба. Директорот Есад Рахиќ денес давајќи отчет за сработеното откако тој е „главен менаџер на Шутка“, како што самиот се нарекува, рече дека затворот конечно добил имотен лист.

„Со моето доаѓање, од јули месец, успеавме да го регулираме имотниот лист заедно со Катастар, реновирани се шест од вкупно 10 ќелии во блок Б, со донации почна обновата на покривот, донирани се ќебиња, чаршафи, облека и еден замрзнувач обновено е едно купатило, а имаме и донација бетонски платна за еден нов ѕид“, вели директорот Рахиќ.

Тој објасни дека во затворот се веќе инсталирани фотоволтаици со кои се произведува струја за топлење вода за потребите на затворот.

За да се справат со нелегалното користење телефони во затворот, директорот Рахиќ најави вградување централа и говорници каде разговорите ќе се снимаат, а затворениците ќе ги користат со најава.

Директорот Рахиќ денес го промовираше изгледот на новите затворски полицајци со кои ќе се намалува бројот на полицајци од Министерството за внатрешни работи анргажирани во затворот.

„Имаме 11 нови затворски полицајци, а се надевам дека нивниот број следната година ќе се искачи на 25 и ќе функционираат како интервентна единица“, рече директорот Рахиќ.

Од први јануари за 30 отсто се покачени платите на сите вработени во затворот. Бројот на полицајци кои се грижат за безбедноста поради пензионирање ќе се симне од сегашните 106 на 94-5, но примени се нови 11 затворски полицајци, а планирани се уште 10 нови со кои, Рахиќ вели, дека ќе успеат да го кренат бројот до 125- 135, што според него е оптимално за затвор со капацитет од 350 затвореници.

Како новина Рахиќ најави дека популарното хашко одделение ќе биде преуредено во женско одделение, а во затворот ќе се уреди и соба за молитви.

Директорот Рахиќ вели дека е особено горд на тоа што во затворот повторно ќе бидат отворени браварска, столарска, екелтричарска и автомеханичарска работилница за ресоцијализација на затворениците имајќи в предвид дека 85 отсто од затворениците се повратници.

Приоритети за следната година се гасификацијата на затворото и за првпат изградба на фекална канализација во соработка со Град Скопје.

„Особено ми е драго што студентите во завршни години на Архитектонскиот и на Земјодејлскиот факултет направија проект за фотоволтаици за пластеници и стаклена градина кои ќе бидат изградени следната година во затворот. Во пластениците ќе се произведува расад и огрански производи“, рече директорот Рахиќ.

Вработените во затворот му дадоа благодарница на директорот Рахиќ и му посакаа долго да остане на функцијата, а тој на шега рече „подобро ќе беше да беше ќеш, ама добро е и вака. Лесно е да се биде добар директор ако имате добри соработници“.

За Нова година, директорот Рахиќ рече дека преку донации обезбедиле 400 ќебапи кои ќе ги додадат на затвореничките оброци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снајперисти ги убија напаѓачите во затворот во Волгоград

(ВИДЕО) Заложничка драма во Русија: Напаѓачите убија три лица, бараат хеликоптер да дојде да ги земе

Горан Наумовски

Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците ги земаа вработените како заложници, најмалку еден вработен загина

Горан Наумовски

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Хаос во затворот во Торино: Подметнат пожар, повредени се неколку чувари