(ВИДЕО) Атанасов: Нови 13,3 милиони за поддршка на земјоделците, средствата од ИПАРД програмата реализирани 99%

Од:

„Средствата за национална поддршка во земјоделството и руралниот развој од ИПАРД програмата за оваа година се релаизирани со учинок од 99 %.

Ова е историска година во која државата за прв пат не плаќа пенали за неискористување на овие европски средства.

Преку ИПАРД 2 програмата досега се склучени 1.441 договори со вкупна вредност од 32,2 милиони евра.

Благодарение на мерките и на политиките на СДСМ за развојот на земјоделството и искористеноста на средствата од националната програма за поддршка во земјоделството и руралниот развој има реализација од 100 %“, рече Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделие на СДСМ.

„Преку јавен повик објавен вчера, на граѓаните, за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи на располагање веќе им се ставени нови 13,3 милиони евра.

Со овој повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестират во опрема и отварање на преработувачки капацитети.

Преку осовременување на постоечките и отварање на нови производствени капацитети ќе се зголеми производството, пласманот на домашните преработки и девизен прилив од извозот на домашните производи.

Финансиските средства се доделуваат како неповратни поддршка со кофинансирање.

Притоа 75% од средствата се обезбедени од ИПАРД 2014-2020 а 25% од Буџетот на државата. СДСМ уште еднаш потврдува дека во фокусот е развојот и унапредувањето на преработувачките капацитети во агро секторот.

Почитувани, СДСМ посветено се грижи за земјоделците, преку бројните програми и мерки, како што се: финансиската поддршка за младите фармери од 20 илјади евра, поддршка за жените земјоделки, зелената нафта, навремената и неселективна исплата на субвенциите, решавањето на проблемите со откупот.

Истовремено инвестициите во патната инфраструктура, нови водоводи и канализации имаат за цел да обезбедат подобри услови на живот на жителите во руралните краишта.

Ги враќаме парите во семејниот буџет и обезбедуваме повисок животен стандард за сите граѓани“, изјави Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделие на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година